Се сеќавате ли на неа: Направи бум во музиката, замина за Америка, а сега Ерзана си дојде во Скопје

Поп-пејачката Елена Ристеска на својот инстаграм-профил се пофали дека е во еден скопски ресторан со поранешната музичка ѕвезда Ерзана. Таа објави заедничка слика и ги праша своите следбеници „Се сеќавате ли на Ерзана? Ја обожавам“.

Ерзана беше една од најпопуларните пејачки кога македонската музика го доживеа својот зенит. Таа во 2000 година го сними својот единствен албум „Без зборови“. Многумина сè уште го сметаат за еден од најдобрите македонски албуми на сите времиња. Иако поминаа 18 години оттогаш, публиката и денес ги слуша нејзините хитовои „Ноќна кралица“, „Колекционер“, „На чекор од тебе“ и други.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*