Ташко Каранфиловски : Македонците насекаде низ светот се гостопримливи

“Нашите македонци насекаде низ светот се гостопримливи”. Ова го истакна Ташко Каранфиловски при гостување во ИН Продукција. Тој често настапува во Шведска и Данска, а како што вели се чувствува како дома.

Ташко Каранфиловски при гостувањето во емисијата Промо истакна дека македонците кои живеат надвор од нашите граници, се доста гостопримливи. Тој често настапува во Шведска и Данска и вели дека се чувствува веќе како дома.

-Поминав прекрасно, се надевам дека и луѓето беа премногу задоволни со тоа што ми најавија и следно гостување во септември на истото место кај истите прекрасни луѓе. Морам да кажам дека и јас си поминав преубаво. Нашинците насекаде се гостопримливи, меѓутоа еве јас почесто одам за Шведска и Данска, а таму се чувствувам како дома.-вели Каранфиловски.

Кратката турнеја на која што беше неодамна, младиот пејач ја искористи да прошета и да поужива во убавините кои ги нудат двете земји.

-Покрај тоа што пеев во Данска, претежно бев и во Малме, Шведска кај моите пријатели, фамилија Ѓоргиески, кај кои секогаш се чувствувам многу слободно и убаво, голема благодарност до нив бидејќи секогаш се тука за мене.-додава тој.

Неодамна, во студиото на ИН Продукција, Ташко ја промовираше неговата најнова песна “Дојди ми Љубице” за која што најави и снимање на спот во најскоро време. Во моментов ги подготвува и песните кои ќе се најдат на неговиот нов албум.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*