Марија Шерифовиќ во бикини

Марија Шерифовиќ на својот Инстаграм профил објави видео како скока во базен. Српските медиуми ја пофалија дека изгледа прекрасно во бикини.

Српската пејачка Марија Шерифовиќ изненади на нејзиниот Инстаграм профил со видео во бикини, на кое како објаснување стои „Отсекогаш сакав да бидам карате кид“.

Медиумите во Србија презедоа фотографии од видеото и ја пофалија пејачката дека одлично изгледа во бикини. Дел од натписите во српските медиуми стои „Никогаш не изгледала подобро, женствена и непрепознатлива во бикини“.

Шерифовиќ по концертот во Сараево каде што пееше пред 50.000 присутна публика изгледа се одлучила да замине на летување. Одморот ќе и биде потребен затоа што на 3–ти август Марија Шерифовиќ ќе одржи спектакуларен концерт пред македонската публика во Охрид на „Билјанини извори“.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*