Татјана Лазаревска: “Аце, Аце” е песната која ме однесе насекаде низ светот

Песната по која стана препознатлива и ја однесе насекаде низ светот, како што вели и самата е мој пасош “Аце, Аце” од Татјана Лазаревска претставува безвременски хит.

Иако е снимена пред 23 години ниту една забава, свеченост или весела прилика не поминуваат без оваа песна и е најбарана на сите нејзини настапи.

-Тоа е најголемиот мој хит. Мојата лична карта, пасош. Песната која што ме однесе секаде во светот. Песна која што и ден денеска е навистина многу сакана и барана. Дали заради името, дали заради интерпретацијата моја, дали заради музиката и дали заради се заедно, кога ќе се сложи мозаикот, коцките кога ќе се наместат излегува еден ваков мега хит , којшто морам да кажам дека во категоријата за хит на деценијата го освои високото трето место на ниво на Македонија. Тоа за мене е навистина еден голем чест и најголем успех во мојата кариера, вели Татјана Лазареска која деновиве беше есклузивна гостинка во ИН продукција.

Татјана изминативе три години живее и работи во далечната Австалија а во овој летен период е тука при што има бројни новитети како и настапи. Деновиве го реализираше и својот голем концерт со пријателите во својата родна Битола. Повеќе за тоа ќе ви пренесеме  во следните изданија на Естрада плус, со оглед на тоа што ИН продукција беше медиумски покровител на настанот.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*