Спасен Силјаноски најавува нов албум

Познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски го најавува новиот албум на кој ќе има десет песни. Песните како што вели тој ќе бидат во помодерен стил бидејќи преку нив сака да допре и до помладата популација.

Спасен Силјаноски важи за пејач кој неуморно работи на снимање нови песни и нов материјал. При неговото гостување во ИН Продукција откри дека во моментов го подготвува новиот албум на кој ќе се најдат десет песни.

-Јас обично песните ги собирам една по една, досега тој принцип на работа ми бил официјален и успешен бидејќи кај нас е многу тешко и од финансиска гледна точка и промотивна. Ќе направиш нови песни, а нема кај да ги испромовираш, па сите ќе ти заминат во заборав. Ова цд ќе биде со десет песни, две стари преработки кои досега никој ги нема преработено и осум мои авторски песни.-истакна Силјаноски.

Тој е презадоволен од досегашната соработка со виртуозот на дувачки инструменти Џељо Дестановски, кој ќе биде и специјален гостин на неговиот албум.

-Снимам веќе неколку нови песни, треба да издадам ново цд, а Џељо Дестановски со неговите дувачки инструменти веќе е специјален гостин, дувачките инструменти ги свири тој кавал и зурла.-додава тој.

Спасен цд-то планира да го издаде кон крајот на годинава или почетокот на следната година, бидејќи летната сезона му е преполна со настапи и нема доволно време и енергија за да се посвети на новите песни.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*