Победничката песна на Евровизија е плагијат?!

Компанијата “Universal Music Studios” од САД испратила опомена пред тужба за плагијат до композиторите на победничката песна на Евровизија на Нета Барзилај. Тие тврдат дека таа е копија на песната “Seven nation army” од групата  “White stripe”.

Победата на Израел на Евровизија 2018 е загрозена затоа што една од најсветските музички компании се заканила дека ќе пушти тужба до композиторите на израелската песна. поради повредување на авторските права. Компанијата “Universal Music Studios” од САД испратила опомена пред тужба до композиторите на песната „Toy“ на Нета Барзилај за Евровизија, тврдејќи дека е копија на песната “Seven nation army” која била издадена во 2003 година од групата “White stripe”.

Израелската телевизија тврди ако овие информации се докажат на суд, Израел може да биде дисквалификувана од Евровизија 2019. Многумина забележаа дека двете песни се слични,  но адвокатите на американската компанија тврдат дека сличностите во ритамот и хармонијата ги повредува авторските права.

Композиторот на песната ги потврди вестите дека се заканува тужба, така да денес ќе патува за САД за да го реши проблемот. Сопствениците на американската компанија велат дека доколку се постигне договор, Европската радиодифузна унија може да каже дека песната не е оригинал и не е за натпревар. Композиторите на песната изјавиле дека писмото ги изненадило, но веруваат дека ќе најдат решение.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*