Гоце –Бананата повторно ќе дојде во Македонија

Бев многу добар со сопругата и ми дозволи да купам повторно авионска карта за да отидам во Македонија, низ шега го најавува своето повторно доаѓање во родната Македонија познатиот Гоце Петрески Бананата.

Тој додава дека потребата за неговото доаѓање се наметнала сосема спонтано, со оглед на тоа што е поканет на бројни настапи во летниот период тука во Македонија.

-Имав еден мал состанок со сопругата, бев многу добар со нејзе и така да ми дозволи да купам пак авионска карта. Сериозно, имам некоја приватна забава во Македонија што треба да ја изработам и ќе бидам во Македонија. Во тоа време да го искористам ќе ги дозавршам моите две песни што ги снимав, да  ги комплетирам и со тоа да го комплетирам албумот што го спремам веќе долго време. Здравје пак кога ќе се вратам тука една промоција. Промоција и во Македонија додека сум таму, ако имаме време а потоа промоција и тука низ Австралија, вели Гоце Бананата.

Гоце открива дека има и наредни планови, а тоа е да ја посети дијаспората и во другите земји каде што има македонци.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*