“Мулти бенд” шест години на македонската музичка сцена

Формирани се во 2012-та година, а зад себе веќе имаат и една австралиска турнеја. Станува збор за скопските “Мулти бенд” кои исто така имаат и три свои авторски песни, но и неколку реализирани проекти како со препеани песни така и проекти со познати музички имиња.

-Постоиме од 2012-та , одприлика. Се формиравме така, бевме уште деца. Се собравме како музичари и направивме некој бенд. Така почна сето тоа, несакајќи што се вели, истакнува Роберт, клавијатурист од  бендот.

Како што истакнува Влатко, тапанарот на “Мулти бенд” , петте момци од групата на некој начин ги споил заедничкиот стил на музика кој го негуваат.

-Па, стилот на музиката што го свириме, некако се вклопуваше меѓу сите и лесно беше. Не беше нешто многу тешко. Стилот беше супер , ни огдовараше на сите и испадна да биде бенд, вели Влатко.

“Мулти бенд”бележат и соработка со ИН продукција за нивниот видео запис кој го изготвија минатата година за песната “Ти си мојот рај”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*