Иако се релативно млади, имаат бројни настапи ширум земјава периодов

Имаат бројни настапи периодов ширум целата земја. Момците од Адреналин бенд се надеваат дека во есенскиот период ќе отпатуваат и на турнеја во подалечните земји.

Момците од Адреналин бенд се релативно млади, но искусни музичари. Иако се само две и пол години на македонската естрада, тие се доста барани од публиката и како што велат радува фактот што имаат бројни настапи ширум целата земја.

-Настапуваме во различни локали низ целата земја, не само во Скопје. Дали е тоа приватна прослава, ноќен клуб, кафич, значи не сме стационирани на едно место. Како што спомна Ивица претходно, во денешно време социјалните мрежи се најактуелни и не само ние туку и нашите колеги се рекламираат таму. Ставаме настани и повеќето можат таму да не следат.-истакна Филип, вокал на бендот.

Филип вели дека нивната агенда со настапи за летниот период е скоро полна, но се надеваат на уште повеќе ангажмани.

Од бендот откриваат дека веќе се во преговори за патување надвор од земјава, за есенскиот период, но повеќе детали ќе откријат во следното гостување во ИН продукција.

Па јас сум оптимист дека ќе има прилика, со оглед на тоа колку труд вложивме и напор, мислам дека ќе има една прилика. Се надевам.-вели Ивица, при гостувањето во емисијата “Промо”.

Адреналин бенд, неодамна снимија видео проект во студиото на ИН Продукција и не го криеја задоволството од таа соработка за која што веруваат дека ќе продолжи уште долго време.

-Одлична, кратко и јасно. Мислам дека ќе имаме долга соработка и како расте буџетот така и ние ќе инвестираме. Сигурен сум дека 80 % од нашата заработка е во инвестирање во бендот и како расте заработката, така и повеќе инвестираме.-додава тој.

Покрај неколкуте видео проекти, Адреналин бенд зад себе имаат и две авторски песни, баладата “После тебе” и хитчето “Летна шема”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*