Успешно реализирана уште една австралиска турнеја

Наум, Зуица, Илија-Тота, Џевад и Ване од ИН продукција рано изутринава пристигнаа на скопскиот аеродром. Нивните лица говорат повеќе од заедничката фотографија која ја споделија на фејсбук.

Во својата објава изразуваат уште еднаш преголема благодарност за нивниот прекрасен престој и помин во далечната Австралија и секако ги очекуваат нашинците во лтниот период да дојдат во родната Македонија.

Зад нив е уште една повеќе од успешна турнеја на големото музичко име Наум Петрески кој заедно со останатите музичари, зад себе оставија преполни концертни сали, прекрасни поминати вечери на кои беше застапена исклучиво македонската песна.

Секако сите тие настани беа во живо пренесувани од страна на ИН телевизија која беше дел од сите нивни концерти. Целта беше атмосферата да биде пренесена буквално пред очите на целата јавност во светот, за тоа како знаат да се забавуваат македонците на македонската музика во далечната Австралија.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*