Спасен Силјаноски, Џељо Дестановски и Мулти бенд со заеднички кавер

Спасен Силјаноски, Мулти бенд и виртуозот на дувачки инструменти Џељо Дестановски, во живо во емисијата “Промо” направија кавер на песната “Не лажи ме”.

Фолк ѕвездата Спасен Силјаноски по големиот хит “Ќе ти дојдам вечер”, овој пат заедно со Мулти бенд и Џељо Дестановски подготвија мало изненадување за јавноста, а истото премиерно гледачите ќе имаат можност да го погледнат во најновото издание на емисијата “Промо”. Станува збор за преработка на песна која досега речиси да не е слушната, а Спасен верува дека ќе стане голем хит.

-Идејата за песната беше моја, како што напоменав претходно бидејќи оваа песна никој не ја знае, не е воопшто испеана. Се надевам дека звучеше добро. Гледачите можеби ќе најдат некои мани, но ако е се совршено нема да биде интересно. Во секој случај се надевам дека ќе им се допадне.-истакна фолкерот при неговото гостување во ИН продукција.

Спасен е еден од ретките пејачи кој што ја негува македонската изворна песна и на своите настапи исклучиво ја пее и кој би рекол дека публиката не сака македонска песна, кога неговите настапи се преполни.

Во емисијата ”Промо” тој истакна дека во следниот период ќе биде посветен на подготвувањето на новиот албум за кој текстовите ги напиша неговата мајка, а тој е задолжен за музиката и аранжманот.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*