Првата љубов на Зуица е хармониката од која никогаш не се откажала

Важи за една од врвните вокални изведувачки на македонската музичка сцена. Покрај големата музичка кариера, таа бележи и големи способности во водителските води, иако е пред се професорка по хармоника.

Сигурно погодувате, станува збор за Зуица Лазова која на македонската публика е позната со бројните хитовски рефрени кои ги има испеано. Зуица пред се својата голема љубов ја има и кон хармониката како инструмент кој важи за специфичен за свирење. За тоа од каде е нејзината љубов и од кога се пројавила кон овој инструмент ни открива самата таа.

-Уште од еден мој дедо од Радовиш. Тој свиреше хармоника. Па некако тој еден инат женски кој си го носам од мала, ама ме водел во позитивна насока и морам да кажам дека многумина ми велеле да се откажам од хармониката ,како девојче, младо, па потоа девојка со средна школа па факултет. Никогаш не ја откажав и до ден денеска не ја откажувам хармониката. Тоа си го работам како професор, така што тоа е прво. Потоа пеењето , па водителството па на крај и кажав дека глумев и во скечови.

Зуица неодамна беше дел од големата австралиска турнеја заедно со својот сопруг Наум, кои бележеа бројни настапи и преполни сали на нивните концерти.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*