Во Дојран Сара Мејс непосакуван гостин

Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски го чекаат раѓањето на своето прво дете и летото го користат за одмор и рекреација покрај убавите туристички места во Македонија и на Балканот.

Последните месеци од бременоста Сара сака да се релаксира и ужива покрај плажа и да го сонча стомакот, па откако пре неколку недели уживаа на плажите во Грција, сега решија да ги посетат и нашите природни убавини, па се упатија во Дојран.

Многумина знаат дека убавата пејачка е голем љубител на животни, па така не е ни чудо што одлично се спријатели со кучето Атос, кое сега е заеднички сопатник на парот.

Атос беше со нив и во Дојран, а таму кога Сара остана гладна, па сакаше со својот миленик да седне на некоја од терасите на угостителските објекти, газдите во Дојран не беа пријателски настроени кон животните и не и дозволија да седне и да се најде заедно со Атос.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*