Беквалац ова лето по судски рочишта

На почетокот на судењето во Првиот основен суд во Белград, Лука Лазукиќ повторно негираше дека во април ја претепал својата сопруга Наташа Беквалац во нивниот заеднички стан.

Судењето траеше неколку часа, а на самиот почеток на судењето, сведоците на Лука Лазукиќ побара јавноста да биде исклучена од судењето.

Лазукиќ го напуштил судот по три часа и не сакаше да дава изјави, како и неговите адвокати.

Адвокатите на пејачката, Ѓорѓе Добановачки и Сања Кнежевиќ велат дека се задоволни од работата на судот, но не сакаа да откријат премногу.

„Можам да кажам дека сме задоволни од досегашната работа на судот. Првото сослушување помина добро, наредното е закажано за 20 јули. Тогаш обвинетите ќе ја дадат својата одбрана.“ – додаде Добановачки.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*