Бананата: Џими ме повика за заедничка соработка

Долгогодишната соработка на Гоце Петрески –Бананата со Анета и групата “Молика” ќе биде заокружена со уште еден нивни заеднички дует. Како што истакнува Гоце во интервјуто дадено за ИН телевизија, уште со неговото пристигнување неодамна во Македонија, бил повикан од Џими , групата Молика и покажал заинтересираност за соработка.

-Џими ми се јави и ете покажа заинтересираност за да снимаме нешто заедно. Направивме еден дует , дуетот сега баш планирам пак да се вратама во Македонија да го докомплтираме , да го завршиме. Стално ние музичарите со надеж одиме на тоа дека на слушателите, на гледачите тоа ќе им се допадне. Стално викам, ние не можиме секогаш да погодиме. Некогаш ќе погодиме, некогаш ќе им се допане, нешто не на обожавателите. Генерално мораме да одиме напред и да работиме и да креирема нешто ново, вели Гоце –Бананата.

За периодов кој следи Гоце планира повторно доаѓање во родната Македонија и снимање на ови песни. Секако тој најавува и гостување на бројните забави кои ќе се организираат во летниот период.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*