Охридското социјално друштво “Свети Наум Охридски” додели благодарница на ИН продукција и ИН ТВ

По 35-ти пат во Мелбурн се одржа Охридскиот бал на кој се доделуваат благодарници на значајни личности кои допринесуваат во реализирање на проектите на социјалното друштво “Свети Наум-Охридски”.

На ова издание благодарници добија : Наум Петрески, Зуица Лазова, Илија Тотовски-Тота, Џеват Рамадановски и група Легато, но посебна благодарница беше доделена на сопственикот на ИН продукција и ИН ТВ-Ване Петкоски, за успешно реализирање на концертите од големата турнеја на Наум Петрески и Зуица Лазова, како и за промовирање на македонската песна ширум светот.

Признание беше дадено и на фамилијата Филеви за долгогодишната и несебична поддршка како и спонзорство на овој охридски бал.

-Ми претставува особена чест и задоволство што бев дел од најуспешната турнеја на нашата легенда Наум Петрески и што за првпат имавме можност да ги пренесувавме сите концерти во живо на ИН ТВ и Фолк клуб тв. Со тоа се овозможи македонците ширум светот да бидат дел од целата атмосфера која ја приредуваа Наум и неговите музички соработници.-истакна Петкоски, ексклузивно за естрадниот магазин, Естрада плус.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*