Судскиот процес за подметнатиот пожар пред ИН продукција никако да почне, постојано се одложуваат закажаните рочишта

Речиси една година измина од обидот за подметнување пожар во просториите на ИН продукција во Охрид од страна на познат македонски пејач, а спорот сеуште нема никаква правна разврска.

Впрочем, судскиот процес кој беше покренат уште минатата година сеуште тапка во место во Охридскиот Основен суд, при што сите досегашни закажани рочишта се откажуваат со разни, неиздржани изговори.

Претходното закажано судско рочиште кое се води помеѓу Петар Нечоски како обвинет во постапката и Ване Петкоски кој е сопственик на ИН продукција од Охрид беше одложено со изговор дека компјутерскиот систем во Основниот суд во Охрид не можел да го прочита и емитува снимениот матријал кој бил приложен како доказ во процесот на судењето.

Денешното закажано рочиште исто така е одложено поради отсутност на адвокатот застапник од страна на пејачот Петар Нечоски. Истото е закажано во есенскиот периодот, поточно месец Октомври.

И покрај свесно предизвиканата штета од страна на Нечоски, тој сеуште се обидува да прави штети на сметка на продукцијата и нејзиниот сопственик. Неодамна по социјалните мрежи пласираше вест дека Ване Петскоски пребегнал во Австралија поради огромни долгови кои ги оставил тука. Вквите клевети се сосема неточни. Петкоски во изминатиов период од месец и половина престојува во Австралија како дел од големата австралиска турнеја на македонскиот фолк пејач Наум Петрески. Согласно сите законски регулативи од страна на адвокатот на Петкоски ќе биде побарана оштета и за ваквите невистинити изнесени од Петар Нечоски.

Во месец август се навршува една година откако познатиот пејач Петар Нечоски се обиде да подметне пожар пред просториите на ИН продукција во Охрид. За среќа спалениот материјал беше навремено локализиран и изгаснат, при што од страна на поставениот видео надзор во ИН продукција беше подоцна востановено дека станува збор за овој Македонски пејач. Случајот беше веднаш пријавен во полиција од каде по утврдените распити е покренат и судски процес.

Се очекува Основниот суд Охрид без многу одолговлеквања да го даде последниот збор околу ваквиот немил настан.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*