Селин Дион тотално непрепознатлива, фановите во шок !

Пејачката Селин Дион тотално непрепознатлива, фановите во шок ја прашуваат : Дали си тоа ти?!

Селин Дион од хотелската соба пред концертот во Токио објави фотографија од пред огледалото и за кратко време истата ги преплави светските медиуми и социјалните мрежи.

Фановите загрижени за пејачката, се прашуваат што се случило со неа? Дали е тоа воопшто нивната омилена Селин?

Да ве потсетиме дека на Селин Дион животот целосно и се смени по смртта на нејзиниот сопруг и менаџер Рене Анжели, кој почина на 14 јануари 2016, два дена пред 74-тиот роденден. Селин по неговата смрт сакаше да се откаже кариера и концертите, а во февруари 2018 година за медиумите изјави дека таа направила реплика на раката на Рене, со цел полесно да се справи со фактот што повеќе го нема.

–Откако умре, сeуште зборувам со него. Се обидувам да му докажам, секој ден, дека сум добро , вели Селин.

Како што рече, зад сцената таа и понатаму ја остава столицата на која Рене седеше за време на секој од нејзините концерти. Таа вели дека нивните три сина, Рене Чарлс и близнаците Нелсон и Еди растат како што треба и дека како семејство секој ден се посилни.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*