Ограбена пејачката Кристина Арнаудова

Македонската пејачка Кристина Арнаудова се најде во една непријатна ситуација, односно стана жртва на крадци. Имено, пејачката додека била на државна клиника заедно со нејзината баба, непознати лица ја искористиле приликата и и ја украле чантата во која покрај голем износ на пари, имало и мобилен телефон, картички и многу спомени.

Пејачката Кристина Арнаудова била ограбена на Клиниката во Скопје додека нејзината баба ја сместувала во една од собите на Клиничкиот центар. Според нејзината изјава, ѝ ја украле чантата во која имало паричник со сите документи и платежни картички, како и 9000 илјади денари. Покрај парите и го украле и телефонот „самсунг“, како и два пара очила.

Пејачката кажа дека се чувствува скршено, а истото и јавно го сподели на својот фејсбук-профил.

„Вчера додека бев на државна клиника, и ја сместувавме мојата болна бабичка во соба, ми беше украдена ташната која внатре имаше телефон бел Samsung Note 4 со скршен екран (што значи речиси нема вредност),  голем црвен паричник, внатре имаше околу 9000 денари, и еден куп картички, лична карта и милион спомени… Два пара очила, Toxit и Celine…Ако некој налета на нив, ве молам нека ме контактира во порака. Кој и да ги земал, слободно нека ги земе парите, наочарите, се што мисли дека му е вредно…само нека ми ги врати спомените, кои навистина ми значат….Ќе го наградам плус!“ –  стои во објавата на пејачката.

Се надеваме дека на Арнаудова набрзо ќе и ја вратат украдената чанта, а пред се дека ќе ги добие назад спомените кои премногу и значат.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*