Благица Павловска : Недостигаат повеќе музички емисии !

Благица Павловска вели дека недостигаат повеќе емисии преку кои ќе се презентира македонската песна. Таа додава дека промоцијата на македонската музика најповеќе зависи од главата на националните телевизии.

Фолк дивата Благица Павловска при нејзиното гостување во емисијата Промо истакна дека промоцијата на македонската песна зависи од главата на националните телевизии. Според неа тој што е на врвот треба да им овозможи на другите гранки да ја презентираат македонската песна, најповеќе преку поголем број на музички емисии.

-Порано се случуваше тоа, имаше и уредници на кои им се веруваше дека ќе го направат тоа. Во денешно време е тешко и не оди. Едноставно нема доволно такви емисии, а луѓето беа среќни кога ќе гледаа емисија, се чекаше емисијата музичка за да уживаат во македонската песна. Воедно како што кажав, треба да се класицифираат песните, може или неможе, ваква или таква, да има посебна програма, затоа што во денешно време викаат…Ти мораш да го следиш трендот.

Значи трендот ни е колку малку песни имаме за дискотеки, некои пејачи мора да пеат српски песни за да биде во тренд бидејќи во денешно време слушаат такви. Кога би имало нешто добро и квалитетно и кога тоа би се презентирало онака како што треба, би имале и ние успех во тоа.-вели познатата пејачка.

Павловска која зад себе има големо музичко искуство вели дека денес, на естрадата има доста добри, но и лоши музичари, затоа според неа мора да има некој ред и новите песни да бидат преслушувани од стручни лица.

-На времето кога ги снимавме песните беа преслушувани. Требаше да се преслушаат, па да видат дали е таа добра песна, дали е чисто македонска или не е. А сега го нема тоа, се снима тоа што се сака, кој како сака.-раскажува Благица.

Таа додава дека е добро песната која се снима да биде квалитетна и да остави длабок траг, за да се слуша и сега и во иднина и за сите времиња.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*