Далибор и Снеже најавуваат дуетска песна

Се поголемиот избор на македонска песна особено појавата на голем број групи и бендови, доведе до намалување на дуетските песни. Според она што се гледа и слуша, се повеќе од пејачите се појавуваат соло

или во група а одамна не се појавила некоја дуетска песна. Можам да кажам дека помалку секој сеуште за себе снима, вели Далибор Ѓошиќ кој важи за едно од значајнте музички имиња на македонската естрада.

-Мислам дека дуетската песна стварно треба да има цел, намена зошто би го направиле тоа. Инаку ако е само за уживање тоа би можеле да го направиме на некој настап , да си пееме дуетски песни, зошто да не. Ама ова е навистина наменски, затоа што не откривам сеуште но во преговори сме да направиме нешто и сето тоа заеднички да го презентираме на нашата публика, истакнува Далибор.

Како што откри Далибор при неодамнешното гостување заедно со  Снеже во ИН продукција, тие најавуваат снимање на заедничка, дуетска песна.

-На неколку наврати и кај вас и во други телевизии имаме пред се причина, затоа што од скоро станавме соработници сосем случајно и ете според мене и се надвема според Снеже тоа е успешно. Допрва ќе видат и чујат сите гледачи и слушатели. Дуетска песна ќе се спрема сигурно и на моја желба тоа ќе биде сигурно моја авторска песна, истакнува Далибор.

Далибор за периодов најавува нова печалбарска песна за која ќе снима и видео запис. Мислам дека тоа што се подготвува ќе биде вистинско уживање на публиката, вели Далибор.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*