Група Марифет со став дека треба поголема медиумска поддршка за македонската музика

“Има застапеност на македонска музика низ медиумите, но треба да има уште поголема застапеност.” Ова го истакна гитаристот Тоде, од група Марифет при неговото неодамнешно интервју. Тој покрај другото откри дека имаат преговори за настап надвор од земјава, после летниот период.

Групата Марифет постои скоро две и пол години на естрадата, а е составена од 5 искусни музичари. Гитаристот Тоде, кој од мали нозе се занимава со музика, при неговото неодамнешно интервју за ИН Продукција истакна дека македонската музика треба да има уште поголема застапеност на медиумите низ земјава, затоа што само така истите ќе допрат до јавноста.

-Има застапеност, но моето мислење е дека треба да има поголема застапеност, можеби грешам, но јас така чувствувам. Треба да има поголема застапеност на македонската музика, имаме доста изведувачи, доста песни, доста творби нови кои што треба да се слушаат и да се пласираат. Колку повеќе се пласираат, толку е поуспешно бидејќи ќе допре до секого.-вели Тоде.

Кога станува збор за настапите низ нашата земја, нивната агенда е веќе полна до месец октомври. Тие при нивното интервју открија дека имаат преговори и за настап надвор од Македонија.

-Моментално има некои преговори кои се во најава, но точно не е определено за кој датум и дали ќе биде изводливо, за тие патувања влијаат повеќе фактори, економска покриеност, временска и други работи, па треба задоволството да биде обострано и наше и на тој што организира. Претходно имавме неколку понуди кои поради одредени ситуации моравме да ги одбиеме, тоа ни се случи на два-три пати, така да неможевме да заминеме, но не е откажано тоа, туку само одложено.-додава гитаристот.

Група Марифет неодамна го промовираа спотот за нивното прво авторско дело кое носи наслов “Марифет оро”. Видеото се снимаше на повеќе локации во Прилеп, во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*