Анастасија Ражнатовиќ во друштво на 34-годишен бразилски убавец!

Анастасија Ражнатовиќ снимаше спот за нејзината најнова песна. Снимањето се одвиваше на повеќе локации во Белград, а во видеото се појавува и познат бразилски манекен.

Во првите недели од месец јуни младата надежна пејачка Анастасија Ражнатовиќ снимаше спот за својата прва песна „Совршен пар“.

Реализацијата се случуваше на бројни локации ширум Белград, каде двојката минува низ разни емоции.

Главната машка улога во спотот на Анастасија е доделена на бразилскиот манекен Педро Солтзу кој со своите 34 години зад себе има доста успешна кариера во светот на моделството.

По кратки преговори манекенот одлучил да дојде во Белград и да биде дел од овој проект. За соработката на овој проект со Анастасија тој кажа:

-Неверојатна е честа и задоволството да имам прилика да бидат во спотот со млада ѕвезда која почнува да го гради својот пат, што ме прави навистина среќен. Престојот во Белград ми годеше, тој град освојува, кажа Педро кој убаво зборува пет странски јазици.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*