Елена: Старите песни се наш белег и народот нив ги сака и бара да се пеат

Позитивно е препејувањето на песните и според мене,  мислам дека тоа е убаво за да не се заборават старите песни, смета познатата фолкерка Елена Велевска. Таа во својата досегашна кариера има издадено два албуми со препани стари македонски песни, кои Елена ги донесе пред помладата публика со многу поинаков жар и љубов кон песната.

-Имам две ЦД-ња извадено со староградски песни, кои што навистина ги сакаат и сеуште траат и ги бараат како “Дал знаеш мори моме” сеуште ми ја бараат на моите настапи иако тоа ЦД е извадено пред можеби осум години и повеќе, односно пред десет години и сеуште се бара. После него направивме уште еден албум со група “Чардак ” од Охрид. Има навистина убави песни , посебно од охридскиот регион , струшкиот и ги сакаат. “Ми излегла Евда” која што не е многу пеана , “Една мома с мајка е”, сакавме на некој начин да ги вратиме , но мислам дека нема тука да застанам, бидејќи не треба да се застане, истакнува Елена.

Таа додава дека не смее да се заборави од каде е нашиот корен и дека по тоа сме препознатливи, во самата таа традиција.

-Кога станува збор за македонскиот народ и македонската традиција она изворното е тоа што нас не карактеризира низ целиот свет, како орото, песната, така и таа изворна музика која што уште од времето на нашите доајени на Сариевски, на Васка Илиева, кога се пееле нивните песни во едно посиромашно, подруго време кога немало многу инструменти вклучено во таа музика, туку се пеело само со вокал и уште тогаш се гледал квалитетот и мислам дека тоа е тоа што нас не одбележува, истакнува Елена.

Ако ние го носиме модерното низ дијаспората тогаш ништо нема да допре до нив како изворното македонско кое го пееме надвор од нашата земја, бидејќи македонците во дијаспората се радуваат на старите изворни песни,  како “Зајди , зајди”, “Судбо моја”, тоа се тешки песни кои ги сака народот,вели Елена.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*