Адреналин бенд : Треба да се создаваат нови авторски песни !

Адреналин бенд со став дека македонската песна не е доволно промовирана низ медиумите. Тие велат дека една од причините е и тоа што музичарите се помалку создаваат свои песни, а повеќето од нив прават кавери на познатите хитови.

Момците од Адреналин бенд при нивното гостување во емисијата Промо истакнаа дека на македонската естрада, за жал, на прсти се бројат оние бендови и пејачи кои се навистина квалитетни.

-Квалитетот мислам дека е помалку присутен, реалноста е таа. Меѓутоа сите кои фигурираат како уметници на нашата естрада, сите се борат за парче леб и секој пристапува онака кој колку може, верувам дека е така. За квалитет мислам дека естрадата добро знае дека малку се тие, на прсти да ги изброи човек, екипи и поединци кои се навистина поквалитетни.-вели Ивица, еден од членовите на бендот.

Кога станува збор за промоцијата на македонската песна низ медиумите во земјава, Ивица вели дека за разлика од минатото, денес помалку се става акцент на нашата песна.

-Медиумски мислам дека за разлика од години наназад мислам дека многу помалку се промовира македонската музика. Имаше, а можеби и сеуште има некоја дилема дека премногу се прават преработки на македонски песни, што веќе станува и монотоно, па можеби причината е тоа што не се создаваат нови македонски квалитетни песни и само се врти во круг околу тие добропознати песни.

Мислам дека песните кои оставија длабок белег во македонската музика тие дефинитивно ќе си останат уште долго време да се слушаат, а тоа што не се создаваат нови песна, останува на музичарите да го променат.-додава Ивица.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*