Ребека кума на името од групата “Камелеон”

Кој е кумот на името на охридската група Камелеон? Вокалот на оваа група Драган Василески –Пајчо неодамна при гостувањето во ИН продукција ни ја раскажа целата приказна околу тоа како прво започнале да се викаат а како подоцна познатата пејачка на забавна музика во 90-те години Ребека им го дала денешното име, која впрочем е и кумата на името “Камелеон”.

-Првично групата се викаше “Лево ќоше”, немавме име. Имаше име за настапи во коќни клубови каде што свиревме а со првиот настап мораше да избереме и име и дојде сосем случајно. Тоа име ни го даде Ребека , ако се сеќавате на неа. Таа ни го даде тоа име како предлог и на тој настап беше “Водени лудории” ’98-ма година. Со тој настап така и настапи групата “Камелеон” под тоа име и ни остана името за понатамошна употреба, трајна,истакнува Пајчо.

“Камелеон” токму под тоа име создадоа еден голем бренд на македонската забавна музика, особено во Охрид, нивниот роден град каде бележат бројни настапи и свирки пред домашната публика. Тие од самиот свој почеток бележат настапи и песни исклучиво со забавен карактер, при што не ја исклучуваат и можноста да запеат некоја народна песна доколку им биде побарано на нивните настапи.

-Првиот наш успех на скопскиот фестивал , тоа беше ’99-та песната со која победивме, имавме прво место од жири, беше со етно примеси. На неа настапуваше Ангеле Димоски еден и сеуште од најпознатите гајдаџии. Станува збор за песната “Без неа”, додава Драган.

Неодамна групата “Камелеон” го промовираше и нивниот најнов спот за песната “Еден ден”, а како што истакнуваат од групата имаат доволно материјал за да издадат и втор нивни албум.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*