Наум: Со двете фолклорни бајки дечињата пројавија поголем интерес за народната македонска песна

Постана повеќе препознатлив по двете Фолклорни бајки кои ги реализираше изминативе две години наназад. Професорот по хармоника Наум Џуклески и за оваа година најавува сличен проект на Фолклорната бајка, но со малку поизменета организациска поставеност. Интересен е фактот што во изминативе две Фолклорни бајки поминаа голем број дечиња, учесници во овој проект кои и понатака пројавуваат интерес за музиката.

-Дел од тие дечиња, учевствуваат и на други фестивали, како Рибарче, на Радика Фест, мислам дека во Дебар се одржув тој фестивал. Се занимаваат со музика. Дел од тие дечиња се запишаа и на музичкото училиште. Многу ми е драго што успеавме со тие две изданија на Фолклорна бајка, навистина да ја доближиме македонската народна музика кон дечињата и да почнат да се интересираат и интересот расте кај младите дечиња. И како професор во музичкото училиште гледам дека интересот и желбата кон народната музика ја пројавуват дечињата, истакнува Наум.

Професорот Наум посебно го радува фактот што младите дечиња кои се дел од музичкото училиште во Охрид, од него бараат да свират, да ја научат вештината кон својот инструмент. Народната музика претставуваат всушност нашите корени и треба да бидеме горди на тоа, затоа што имаме преубава музика со која што треба да се пофалиме насекаде, додава Наум.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*