Вера Трајкоска сними спот за патриотската песна “Балканска љубов”

“Балканска љубов” е насловена најновата песна од Вера Трајкоска, која сними и видео запис за оваа песна. Нумерата е дело на Тоде Новачески, еден од најпознатите композитори во Австралија, кој помеѓу другото е автор и на големиот хит  од Влатко Миладиноски “Велат не нема”.

Спотот кој е во соработка со ИН продукција се снимаше во македонскиот манастир во близина на Мелбурн Дони Брук, а манастирот се вика Прохор Пчински. Песната е со патриотска тематика, конкретно наменета за Македонија. Снимена е пред неколку години наназад но кога Вера дојде во месец мај во Македонија го преправи аранжманот за песната во студиото “Просаунд” во Прилеп и сега песната има една поинаква димензија.

-Прекрасно поминав со снимањето. Многу професионално и чувството беше многу големо. Ване е познат тука во Австралија како и во Македонија за прекрасните спотови што ги прави со ИН продукција и имав желба со него да има соработка. Снимањето на спотот беше во план да се направи во 2013 година кога живеев во Македонија, но за жал не се успеа тоагш. Се се вклопи прекрасно како идеите така и визуелните сцени, тоа се покажува во сите спотови што се направени досега. Песната се вика “Балканска љубов”, текст и ранжман се на Тоде Новачески а ја преработив во Прилеп кај Славко во студиото “Просаунд” кога бев во Македонија минатиот месец. Настапив прв пат со оваа песна во 2006 година на Фолк Фест Мелбурн, добив втора награда од жири. Исто така сум многу задоволна со работата од цела екипа на ИН продукција од кога бев во студиото во месец мај, промовиравме две мои фестивалски песни. Прекрасно сработено и многу позитивно, првичните коментари кои ги добив од луѓето во Австралија и Македонија се најпозитивни и имаат голема гледаност, истакнува во својата изјава за ИН продукција Охрид, Вера Трајкоска.

Видео записот е во соработка со ИН продукција а се очекува наскоро  да биде промовиран.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*