Адреналин бенд продолжуваат со снимање нов материјал

Адреналин бенд продолжуваат со снимање на нов материјал. Од бендот за скоро време најавуваат и албум со авторски песни.

Момците од Адреналин бенд пред извесно време снимија проект во живо со сплетови од македонски народни, но и српски песни. При гостувањето во емисијата Промо, од бендот истакнаа дека не запираат со снимања, а веќе размислуваат за нови авторски песни и најавуваат албум.

-Размислуваме секако за нови песни, но и со проекти нема да застанеме тука. Покрај забавно, ќе снимаме и народно. Се разбира и лично наши песни авторски, а нормално здравје понатака можеби ќе се случи и некој албум.-вели Филип, вокал на бендот.

Бендот е оформен пред две и пол години, а за овој краток период момците оставија доста материјал зад себе. Тие велат дека ќе продолжат со истото темпо и се надеваат дека ќе ги запознае и пошироката јавност, надвор од нашата земја.

-Релативно мал период, но мислам дека за овие две и пол години оставивме доста материјал, па сега здравје ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Со тек на времето ќе работиме и се надевам дека ќе не дознаат не само во Македонија, туку и во дијаспората.-додава тој.

Иако се повеќе членови, велат дека добро се согласуваат, а меѓу нив има доста разбирање што според нив е многу битно за опстојувањето на бендот.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*