Наум Петрески вешт во кујна

Наум Петрески не ја остави гладна екипата на ИН Продукција од Охрид. Тие во моментов се во Австралија, а Наум ги покажа своите добропознати гурмански вештински и им подготви риба на Струшки начин.

Фолк Легендата Наум Петрески кој се наоѓа на турнеја во Австралија, не ја пропушти шансата и таму да ги покаже кулинарските вештини. Во македонски ресторан во Мелбурн тој подготвуваше “Пијан крап”.

-Мило ми е што сум овде, тука е Охрид во Мелбурн, токму така и се вика ресторанот “Канео”. Топол амбиент како да сме во  наш крај, уште езерото фали да го видиме пред нас. Се е тука македонско, изворно, еве дури најдовме крап и пастрмка да си спремиме и други наши специјалитети со многу зачини.-истакна Наум, ексклузивно за Естрада плус и ИН ТВ.

А за вкусот проговори и Зуица, која ги откри тајните на “Пијаниот крап”.

-Наум крапот го подготвува на традиционален начин, а рецептот му е од неговата мајка Анастасија. Можеше да било што, битно да е пијано, тоа е многу важно, но можам да истакнам дека тој е маестро во кујната. Веројатно тајната е во многу трпение и љубов кога се приготвува едно јадење, а тоа е неговиот рецепт за успешноста кога е кујната во прашање.-вели Зуица.

Не се сомневаме дека Наум успешно се покажал во кујна и му благодариме што нашата екипа не остана гладна.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*