Елена Велевска покажа дека е риба и пол !

Елена Велевска и нејзините три деца деновиве уживаат на море. Иако календарски летото сеуште не е започнато, нашата фолк дива ги спакува куферите и замина на одмор кадешто ги полни батериите за напорниот период кој следува.

Фолк пејачката Елена Велевска си ги спакува куферите и замина на море. Таа ексклузивно за естрадниот магазин Естрада плус изјави:

-Во оваа гужва којашто ја имам од настапи и ангажмани, морав да одвојам малку време за моите деца и да им исполнам една од нивните желби. Тие многу сакаат вода и игри во вода, па овие 10 дена добро ќе ми дојдат и јас да се одморам за напорниот период којшто следува.-вели Велевска.

Елена важи за дама која посветува доста на својот физички изглед. За тоа какви резултати направила од теретана, доказ се фотографиите коишто таа редовно ги споделува на социјалните мрежи, а речиси никој не останува рамнодушен.

По нејзиното враќање од одмор, следува промоција на песна којашто е посветена на Македонија, како и нова песна којашто ќе одбележи ова лето и ќе го сплоти цел Балкан.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*