Не се срамам да кажам дека живеам во моето родно место Пополжани, Сапасен ужива во семејната хармонија со сопругата и двете дечиња

Момчето коe испеа бројни хитовски рефрени и сеуште бележи добри песни на македонската музичка сцена, Спасен Силјаноски не го крие родното место каде што сеуште живее како и охридското потекло на неговата мајка. Можеби, токму поради тоа Спасен се повеќе е застапен со своите настапи во западниот дел од нашата земја.

-Да кажам јас сум половина охриѓанец по мајка. По потекло сум од Дебарца по мајка, поточно од село Турије , славна Дебарца. Така да не сум туѓинец, пак си сум дома.

Спасен не го крие фактот што тој и ден денес живее во своето родно место Пополжани, во непосредна близина на Кичево.

-Мене ме прави среќен родниот крај топлината. Еве да кажам дека сеуште и ден денес живеам, главното живеалиште и мојата лична карта се води на село Пополжани, Кичево. Имам домови и во Скопје и Охрид , но мојот дом е село Пополжани и тој ќе остане засекогаш. Каменот си тежи на местото.Каменот си тежи каде што му е местото. Јас и мојата сопруга, која што потекнува од Скопје, веќе пет години живее со мене во село Пополжани и едноставно ужива и се чувствува како тука да е родена, додава Спасен.

Со сето тоа, тој смета дека токму во тоа е големината на самите нас. Да не се срамиме од самите себе си и тоа што навистина сме, бидејќи само така можеме да опстанеме на секој поглед, истакнува Спасен.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*