Групата “Камелеон” годинава одбележува јубилеј од 20 години

Охридскиот музичкки бренд од забавната бранша “Камелеон” кој неодамна го промовираа нивниот најнов спот за песната “Еден ден”, најавија дека имаат доволно песни за да издадат и втор нивни абум.

-Ние во животов имаме извадено само еден албум, меѓутоа имаме песни и за втор албум. Вториот албум сакаме да го направиме со сосема нови песни. Се надеваме дека до декември ќе го снимиме сето тоа, а дали ќе го снимиме или не гарантирам, меѓутоа годишнинава планираме да ја крунисаме со еден концерт, истакнува Драган, вокал на групата.

За оваа година групата “Камелеон” најавуваат и одбележување на јубилеј со концерт , дваесет години од нивното музичко творење на забавната музичка сцена.

-Концертот ќе биде најпрво во Охрид. Се надевам дека ако има интерес ќе свириме и во други градови , но Охрид дефинитивно ќе биде концерт “Камелеон” бенд 20 години со многу гости, добра публика, која што секогаш не прати на своите настапи. Овојпат ќе ги почестиме со баш тоа што треба, додава Драган.

Според она што го истакна Драган подготовките за јубилејниот концерт се веќе во завршна фаза, се привршуваат и крајните финеси за се да биде целосно реализирано според нивните зацртани идеи.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*