Адреналин бенд со нов видео проект

Младите момци од Адреналин бенд во студиото на ИН продукција го промовираа нивниот најнов проект кој се состои од сплетови со македонски народни песни и неколку српски песни. Како што велат од бендот се работи се песни кои се најбарани на нивните свирки. 

После нивните две авторски песни, “После тебе” и “Летна шема” и проектот кој го реализираа пред извесно време, момците од Адреналин бенд снимија уште еден проект. Станува збор за сплетови со познати македонски народни и српски песни, а истите ги промовираа во студиото на ИН Продукција.

-Содржината на овој македонски изворен проект е релативно позната на публиката, меѓутоа како би рекле ние музичарите, песните се тие, мелодијата е таа во некоја наша изведба. Како и сите останати, даваме труд и напор, да ја прикажеме во најдобро наше светло и мислам дека успеавме во тоа.-истакна клавијатуристот Ивица, при гостувањето во емисијата “Промо”.

Како што велат од бендот, одбрани се песни кои се доста барани од публиката на нивните настапи.

-Искрено да кажам, ние како екипа важевме можеби за еден бенд кој даде повеќе акцент на забавната музика. Дали можеби тоа беше причина нашата прва песна којашто ни даде доста поени. После тоа со истото темпо продолживме и повеќе дадовме акцент на забавната музика и како да ја запоставивме народната музика. И во еден момент излезе и муабет дека ние сме забавњаци и дека народната музика недоволно ја работиме меѓутоа можам да кажам дека тоа е тотална грешка. Народната музика е на прво место кај нас, посебно македонската музика и стилски мислам дека знае публиката и нашите колеги и бендови знаат дека ние стилски добро се снаоѓаме во сите стилови.-додава тој.

Покрај снимањето на новиот материјал, тие периодов се доста зафатени со ангажмани на семејните прослави. Инаку, Адреналин бенд постои скоро две и пол години на македонската естрада, а се состои од шест членови.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*