Промовиран најновиот видео запис од охридската група “Камелеон”

“Еден ден” е најновиот видео запис на охридската група Камелеон, кој е снимен на неколку атрактивни локации во Охрид. Групата “Камелеон” која претставува охридски бренд, долго време е застапена во забавната македонска музика а бележат и бројни хитовски рефрени.

-Песната беше изведена на “Охридски трубадури” 2017, ама закаснавме со спотот, меѓутоа успешно сето тоа излезе. Требаше фино да го крунисаме бидејќи беше добро слушана песната, луѓето ја сакаа па решивме да направиме спот. Во нашиот спот има ќерки, фамилијарен спот да речам и мислам дека добра успешна приказна која е добро завршена, вели Пајчо, вокал на групата.

Официјално песната “Еден ден” групата Камелеон ја отпеа на минатогодишниот “Охридски трубадури”, што значи е фестивалска песна.

-Ние прв пат излеговме после долги години на фестивал, од причина што бевме поканети. Инаку не учевствуваме по фестивали долги години, меѓутоа добро што се случи така немаше да ја снимиме песната. Се си дојде таман, песната многу добро помина, се пушта ои сите радија, луѓето ја сакаат, ја бараат на сите места каде што свириме, така да мораше да се крунисат барем со еден спот, со нешто повеќе, додава Пајчо.

Групата Камелеон свири низ цела Македонија а најповеќе се застапени во Охридските локали. Свириме секаде каде што ќе не побараат, а барани сме буквално низ целата земја, вели Пајчо.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*