“Легато бенд” снимија спот за патриотската “Песна за народот македонски”

Добро познатиот музички бенд на австралиското тло “Легато” деновиве снимаа видео запис за нивната најнова песна “Песна за народот македонски”. Самото име на песната кажува дека станува збор за песна со патриотска тематика. Спотот се снимаше во манастирот Св.Наум во Роклин, место оддалечено 120 километри од Мелбурн –Викторија во Австралија.

Момците од “Легато бенд” се задоволни од остварената соработка како и реализираното. Маријан Васковски кој е дел од овој бенд минатата година при престојот во родната Македонија оствари соработка со ИН продукција при што беа снимени два видео записи.

Спотот кој се очекува да биде готов во престојниве денови ќе го изработи ИН продукција. За следниот период од “Легато бенд”најавуваат реализација и на нови проекти.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*