Се пролеаа солзи на снимањето на видео записот за новата печалбарска песна од Благојче Стојановски Туше

“Клета судбина” е најновата песна на Благојче Стојановски Туше за која денес се снимаше видео запис во соработка со ИН продукција. Станува збор за печабарска песна, која се снимаше на доста живописно место,

Српци,поточно родното место на авторот на текстот.  Првите впечатоци на Благојче околу тоа како помина снимањето се позитивни и очекува оваа наменска песна како што вели да биде прифатена од страна на публиката.

-Се наоѓаме во село Српци, битолско. Снимаме спот за песната “Клета судбина”. Песната е печалбарска. Текстот е на Киро Јорданџиески од ова место Српци,а музиката е на Тоде Новачески. Ова е родната куќа на Киро, а во видео записот се појавуваат дел од неговите роднини. Се појавува неговиот татко, неговата стрина и некои блиски роднини на Киро, вели Благојче.

Посебно за истакнување е тоа што кога првиот пат ја отпеа Благојче песната и кога ја слушнаа присутните роднини, солзите беа незапирливи. Емоциите измешани со тага и болка по најблиските кои останале во далечната земја, можеа да се изразат само преку солзите. Песната ми беше понудена мене, ми се допадна и решивме да ја снимиме и да снимиме видео запис за истата, вели Туше.

-Сакав да имаме статисти постари луѓе и тој ми обезбеди од неговите роднини да бидат статисти и така прифативме да биде. И јас тоа го осетив и видов. Прво јас пеев во снимањето и одма видов дека луѓето што беа тука почнаа да плачат, сето тоа допрело до срцето, додава Благојче.

Судејќи според првата реакција на присутните кога ги слушнаа првите зборови од песната Благојче очекува пред сe голема слушаност на оваа нова печалбарска песна.Од тоа што го видов на самиот почеток сум презадоволен и се надевам дека сето тоа добро ќе се скоцка и ќе испадне целосен производ, истакнува Благојче.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*