“Мерак гајда” ново инстументално дело од “Соната” бенд од Мелбурн

Екипата на ИН продукција од Охрид која престојува во далечната Австралија како дел од големата турнеја на легендарниот Наум Петрески, продолжува со тамошни снимања  и видео реализации.

Денеска се снимаше видео запис со”Соната” бенд и Влатко Мелбурн гајда, за нивната најнова инструменталка “Мерак гајда”. Ова е авторско дело на групата Соната од Мелбурн, нивно прво а второ по ред на Влатко кое го снимаше минатата година во родниот охридски крај, во соработка со ИН продукција.

Спотот се снимаше во Aria at Windmill Gardens, а станува збор за прекрасен објект чиј газда е македонец.

Бендот Соната го сочинуваат Влатко Велјаноски на гајда, Ник Апостолоски-тапани, Пеце Ристоски- хармоника, Боби Василевски –кларинет и Горан Пупунчески на клавијатури.

Во престојниов период групата “Соната” е со полни работни ангажмани со прослави низ Австралија , при што веднаш по снимањето на спотот се префрлија во објектот каде што веќе имаа закажано крштевка.

Бендот “Соната” важи за еден од најбараните во Мелбурн и Австралија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*