Јовческа : Песната немора да биде фестивалска за да е добра и слушана !

“Нашите фестивалите не се тоа што биле порано.”-истакна фолкерката Елена Јовческа. Според неа, новите песни би било многу подобро да се претстават преку професионално видео, наместо на фестивал.

Фолкерката Елена Јовческа при неодамнешното гостување во емисијата “Промо”, истакна дека нема добро мислење за фестивалите кои се одржуваат во нашата земја додавајќи дека истите не се такви какви што биле во минатото.

-Искрено не сум размислувала за фестивалска песна, бидејќи еве јас искрено не се согласувам со тоа дека песната треба да е фестивалска за таа да е добра и да биде слушана, затоа што на нашите фестивали не е како што било порано, тоа многупати јавно сум го кажала. Се имаат некои услови, вакви или онакви, затоа не ни преферирам да одам на фестивал. Подобро ќе направам добра песна, ќе направам спот со ИН Продукција и ќе си ја презентирам многу подобро.-вели познатата пејачка.

Јовческа неодамна во соработка со ИН Продукција сними видео проект кој се состои од еден сплет со српски песни и две преработки на познати хитови од фолк дивата Благица Павловска.

Елена во моментов го подготвува и нејзиниот петти албум по ред, на кој е планирано да има околу 12 нејзини песни. Таа се надева дека истиот ќе биде готов до крајот на 2018-та година.

Инаку, Елена Јовческа веќе шест години успешно чекори на македонската музичка сцена. Покрај по нејзините голем број хитови, таа е добропозната и по извонредните забави кои ги приредува пред нејзините фанови, насекаде кадешто настапува.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*