Карлеуша доби авион на подарок

Пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ капарисале скапоцен бизнис џет, кој во моментов се прави во Охајо, а ќе им биде доставен кон средината на летото.

Јелена и Душко решиле да се почестат со приватен авион и за тоа ќе искешираат 2 милиона евра.

-Јелена и Душко се договориле да купат приватен авион како би си го олеснеиле животот. Бидејќи ќе живеат на релација Србија-Кина, ќе им биде многу поедноставно да патуваат. Исто така Јелена настапува по цела Европа, па многу ќе и значи да не губи време по аеродроми. Карлеуша веќе некое време го гледала авионот, а брзо успеала да го наговори Душко да се отвори поради новиот милионски договор- открива извор близок на парот.

Инаку, Тошиќ настапува за фудбалскиот клуб Гуангжу од Кина, каде годишната плата му е 5.8 милиони евра.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*