Годинава нов проект од Наум , Фолклорна бајка на Наум Џуклески со пријателите

Ако изминативе две години стана препознатлив по проектот кој го реализираше во Охрид насловен како “Фолклорна бајка”, оваа година Наум Џуклески најавува еден поголем и поинаков проект. Годинава

фолклорната бајка ќе биде насловена , односно дополнета со Наум Џуклески и пријателите, бидејќи станува збор за годишнина од своето музицирање на овој голем виртуоз на хармоника.

-Подготовките течат. Под полна пареа работам. Се работи секој ден во моето музичко студио. Веќе повеќето од композициите се веќе и снимени. Се надевам дека ќе го завршам проектот и еве да најавам пред гледачите, август месец ќе биде таа концертна промоција. Како што спомнав и минатиот пат и сега ќе спомнам ќе се вика “Фолклорна бајка на Наум Џуклески со пријателите”. Фолклорна бајка кога спомнав, знаете дека го орханизирам фестивалот со дечињата, но правиме отстапка само за оваа година. Оваа година ќе биде истиот концерт, но изведувачите ќе бидат возрасни, познати македонски изведувачи, истакнува Наум.

Во годинешниот концерт кој го најавува Наум, ќе се вбројат познатите музички имиња Милица Кузмановска, Сузана Спасовска, Мирко Вретоски, Ѓорѓи Дичоски, Кирил Белистојаноски, Ристе Ристески. Секако најголемата соработка Наум ја бележи со охридските музички имиња, но остварува и блиски соработки со останатите покажани и докажани имиња од македонската музичка сцена. Неодамна Наум заедно со својот ученик Андреј Пуфтоски од основното музичко училиште, ја промовираа нивната најнова инструменталка “Модерна полка”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*