Ќерката на Мајкл Џексон позираше топлес за хуманитарни цели

Ќерката на покојниот Мајкл Џексон, позираше топлес за хуманитарни цели. Таа ги покажа бројните тетоважи на нејзиното тело и изјави дека е горда што е дел од кампањата за заболени од ХИВ вирусот.

Парис Џексон, ќерката на познатиот покоен пејач Мајкл Џексон, ги покажа своите многубројни тетоважи кои ги направила откако наполнила 18 години, а ги има над 50. Таа живее со околу 6 милиони евра годишно, кои ги добила како наследство од својот татко.

“Јас сум, јас давам и одбивам да прифатам љубов, но јас сум борец. Ја знам мојата приказна. Го знам мојот статус”, рекла ќерката на Мајкл Џексон.

Парис се соблекла топлес за снимањето на реклама во Виена, по повод хуманитарен настан во Европа за заболените од ХИВ. На фотографиите позира во кратки тексас шорцеви, а на нејзинито тело испишани се зборовите отпорност, борец и љубов.

Таа изјавила дека е горда што е дел од оваа кампања посветена на тешко заболените и рекла дека ќе работи сè додека не дојде до сосема слободна генерација од АИДС. Парис се занимава и со глума, а од својот татко наследила 6 милиони евра кои може да ги троши во една година.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*