Трите дечиња го имаат музичкиот талент од мама, Елена не ја исклучува можноста за заедничка песна со своите дечиња

Музичкиот талент од мама го имаат сите три дечиња, открива низ разговор фолкерката Елена Велевска. Таа како посебно горда мајка секако е тука да им даде подршка и да ги насочи кон најдоброто.

-Оваа година побараа од мене да ги пријавам да пеат и тоа тројцата. Марко сака да рапува, а Софија и Калија сакаат да пеат, сега најмногу по детските фестивалчиња. Се надевам дека ќе направиме една убава композиција која што ќе ги обележи а во иднина зошто и да не, штом го имаат талентот. Ако имаат љубов кон нештата, зошто да не. Не ги принудувам кон нешто, ако имаат желба и љубов од мене имаат одврзани раце да го прават нештото. Тоа што им лежи, што го сакаат слободно може да го прават, истакнува Елена.

Притоа како што додава таа, никогаш не ги принудила своите дечиња кон нешто за што таа го сакала а тие не пројавувале интерес. Тоа е така бидејќи како што вели, нејзе никој не ја принудувал да пее. Елена не ја исклучува можноста во иднина да сними заедничка песна со своите дечиња.

-Па, зошто да не?! Во иднина како што растат и гледам навистина многу уми глави од нив и навистина ме изненадуваат како брзо растат и со оглед на нивната возраст не очекуваш толку зрели разговори да ти кажат. Но како што се враќам од некоја турнеја и навистина сум изненадена. Ми помагаат, сакаат да соработуваат со мене, знаат колку е напорно ова што го работам и секогаш гледаат и кога треба да одморам да бидат тивки и соработуваат на некој начин, вели Елена.

Сето тоа како што вели Елена е домашното воспитување на своите три дечиња , која и покрај бројните работни ангажмани и големата отсутност од дома, таа сепак успеала да биде пред се најдобра мајка за нив и пример за добро воспитани деца.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*