Соработуваат и се дружат скоро со сите бендови од Тиквешијата

Соработуваат и се дружат скоро со сите бендови од Тиквешкиот крај. Младите момци од Модерато бенд се надеваат дека одличната соработка со нивните колеги ќе продолжи и во иднина.

Модерато бенд важат за релативно млада група на македонската естрада, но имаат соработка со голем број музичари и бендови. Тие работат и се дружат скоро со сите бендови, а најповеќе ја издвојуваат соработката со Класико и ДаКапо бенд.

-Соработуваме секако со сите музичари, тоа е многу битно за една млада група, помеѓу музичарите и колегите да има доста пријатели. Еве нашиот град ќе го земеме пред се, соработуваме и добро стоиме со сите други колеги, ќе ги спомнеме Класико бенд, со нив сме некако најблиски и да не ги набројуваме ќе ни замерат, поздрав до сите групи во Кавадарци, има соработка да, има дружење, дружба меѓу колегите, сега засега е супер. Се надеваме дека тоа ќе продолжи во иднина.-истакна при неодамнешното интервју за ИН ТВ, Дане Ќосески, вокал на бендот.

Модерато бенд се доста барани во нивниот регион, а најчесто настапуваат на семејните прослави.

-Најчесто настапуваме тука во нашиот град, Кавадарци, но секако и пошироко од нашиот град. Имаме свирки и надвор, Штип, Неготино тука е блиску. Имаме значи настапи и во други градови да не ги набројувам сите.-додаде младиот пејач.

Пред извесно време момците од Модерато бенд го снимија нивниот прв видео проект со кавер верзии на 10 народни и забавни македонски песни. Проектот се снимаше во Кавадарци, во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*