Младиот Петар Ангелески влегува со гајдата на свадбената свеченост и прави вистинско изненадување

Покрај тоа што постана славен со видео записот за неговата “Македонска селска гаја” младиот гајдаџија Петар Ангелески е буквално баран насекаде. Покрај бројните веселби, свадби тој бележи и бројни настапи надвор од нашата земја.

-После видео записот уште од февруари месец за оваа година имам некаде околу 40 свадби договорено. Позитивно сум изненаден поради тоа што луѓето слушнале, бендисале , значи му се допаднала музиката и сакаат да ме побараат за свадба, вели Петар.

Петар како што додава посебно е чувството кога се свири гајда на свадбената свеченост, бидејќи речиси сите стануваат да играат а тој влегува токму во оној момент кога е свадбената кулминација на максимално ниво.

-Во глобала влегувам како изненадување, но во главно влегувам со гајдата после вечерата. Музиката свири две-три песни и после настапувам јас со тапанџија во народна носија. Некои луѓе сакаат на почетокот кога ќе влегуваат зетот и невестата, наместо да има свечен танц да има влез со гајда и тапан. Позади нас зетот и невестата влегуваат, вратат едно мало оро и играат гајда, вели Петар.

Петар посебно го истакнува и нагласува расположението кај луѓето на свадбената свеченост кога ќе ги слушнат звуците од овој специфичен македонски инструмент.

-Па, специфично е поради тоа што јас  на секоја свадба практикувам да бидам во носија. Секоја свадба во носија, двајца со тапанџијата заедно и сите се изненадени. Веселбата станува поголема кога ќе се појават тие изворни инструменти, вели Петар.

Како што најави Петар во периодов е во подготовки на ново музичко парче кое ќе биде исто така на гајда.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*