Далибор: Ако некој е задоволен од отпеаната моја песна тогаш успехот е неминовен

Постојано твори и создава добра македонска музика која е барана од сите музичари а како што знае да каже, не останува кај мене ниедна песна во фиока. Станува збор за звучното музичко име на македонската сцена Далибор Ѓошиќ, кој при гостувањето во ИН продукција ги најави и крајните завршни подготовки на неговиот нов албум.

-Немам на лагер нешто да оставам настрана да се чува, како што знаат уметниците да кажат имам нешто во фиока. Имав нешто до скоро но ете да се пофалам со оглед на тоа колку имам барања за песни, текстови, аранжмани, студиото кај мене е активно 24/7 и немам искрено доволно време за да оставам некоја песна, настрана да чувам. Неколку пати знам да кажам оваа песна е за мене, ќе дојде некој да побара таква песна и заминала, вели Далибор.

Сепак постојаната работа која ја има и твори Далибор го прави задоволен а најповеќе фактот што создава музика и за сите негови соработници, бидејќи како што вели ако некој е задоволен од отпеаната моја песна и остварената соработка успехот е неминовен обострано.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*