Аријана Гранде на новата насловна на “Вог”

Пејачката Аријана дефинтивно премногу е посветена на својата кариера, а сега заблеска и на насловната страница на Британскиот “Вог” за месец јули, а доказ за тоа е и нејзиниот нов музички албум “Sweetener”.

Досега нејзиното име сè почесто се споменуваше во медиумите и поради нејзиното раскинување со Мек Милер, а како што велат изворите Аријана направила заедничка тетоважа со новото момче Пит Дејвидсон, после само неколку дена љубовна врска.

Аријана се присетила на еден непријатен настан, за време на нејзин концерт кој се одржувал во Манчестер, па затоа таа изминатата година ја именувала како виновник за сите промени коишто ѝ се случиле. Таа сега заслужено ги краси насловните страници на “Вог”.

Откако фановите ја видоа оваа фотографија од Аријана Гранде искоментираа дека пејачката е непрепознатлива како русокоса, особено затоа што таа на фотографијата е прикажана без премногу нападна шминка и без нејзиниот карактеристичен “Коњски реп”.

Сепак, мораме да признаеме дека овој нов поприроден изглед, одлично ѝ прилега на пејачката. Очигледно новото момче на Аријана има големо, позитивно влијание врз неа.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*