Ѓоко Јовиќ повторно најавува австралиска турнеја за следната година

Последниве четири години наназад Ѓоко Јовиќ може да се пофали дека секоја година е застапен со турнеја во далечната Австралија. Тој, веќе постана миленик и на тамошната публика, кои го сакаат и го следат при секој нов настап.

-Таму настапуваме јас и бендот со балканска музика повеќето. Некои од концертите се македонски иако на самите концерти нудиме 70-80 проценти македонска музика а 20 проценти различна музика, истакнува Ѓоко и најавува нова турнеја.

Ѓоко и следната година ја најави својата турнеја.

-Февруари и март сме повторно во Австралија. Последните четири години секоја година сме Австралија. Да ги поздравиме нашинците тоа е еден убав и топол народ кој убаво и топло не пречекува таму, додава Ѓоко.

На претходната асвтралиска турнеја Ѓоко сними и два видео записи во оваа далечна земја, кои се добро прифатени и барани од страна на публиката. Неодамна Ѓоко го промовираше својот најнов  поп албум насловен “Корени” на кој се најдоа 9 композиции.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*