Постојано се трансформира согласно стилските потреби, нема монотонија кај Елена

Својата музичка кариера ја градеше од самите почетоци  и може да се каже дека стана најпрепознатлива по големите свои стилски трансформации кои ги правеше. Фолк дивата Елена Велевска, секогаш е во тренд со модните правци, внесува свежина во својот изгед но и наметнува имиџ согласно песната и настапот каде настапува. Буквално е неуморна кога станува збор за постојаната нејзина трансформација, при што публиката веќе навикна да бара ново модно движење од неа.

-Па можеби јас не можам да се гледам подолго време, завладува монотонија кога се гледам во нешто еднаш или два пати исто и затоа секогаш гледам да правам промени. Тие промени очигледно ги прифака публиката, така да мислам дека и никогаш не сум монотона. Самата правам да не завладее таа монотонија и потоа станав препознатлива и можеби сеуште интересна на народот, истакнува Елена.

Речиси истата таа хронологија Елена ја прави и во нејзините песни. Досега има песни со најразлична содржина како и песни кои се од еден правец на фолк, па се до друг правец на поп па дури и рок.

-И во песните и во изгледот и во стилот на облекување, така да тоа ме дефинира како личност едноставно и истата сум и приватно. Навистина не можам да мирувам и кога имам време да се одморам јас тоа го правам повторно со некоја креација дома, без разлика дали ќе биде некој обид за ручек, иако бил промашен , или нешто ќе правиме некој ангажман со дечињата, ќе правиме некоја креативна игра со нив и животот ни е навистина многу интересен, додава Елена.

Елена неодамна ја промовираше својата нова наменска песна “Крштевка” а најави и снимање на нова песна која деновиве ќе се промовира. Откриваме дека новата песна е со патриотска тематика, наменета за иселениците, песна на која никој нема да остане рамнодушен.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*