Група Марифет : Доколку излезе добра песна ќе настапиме на фестивал !

“Доколку излезе добра песна би настапиле на некој од фестивалите низ земјава.”-ова го истакнаа членовите на група Марифет при неодамнешното интервју. Инаку, овие момци се доста ангажирани со настапи периодов, а нивниот репертоар е исполнет со различен стил на музика.

Група Марифет од Прилеп постои скоро две и пол години на македонската естрада, а е составена од пет искусни музичари. Тие периодов имаат бројни настапи низ локалите и на семејните веселби, а не ја исклучуваат можноста за настап на некој од фестивалите кои се одржуваат во нашата земја.

-Па искрено не е исклучена можноста дека ќе настапиме на некој фестивал, доколку би имале некоја песна која е прикладна за таков настан, со задоволство би настапиле и постои можност.-истакна гитаристот Кире.

Инаку, нивниот репертоар опфаќа различни стилови на музика, народно, забавно, блуз, рок, а тоа секако придонесува да бидат поразлични од останатите бендови во земјава.

-Поголем дел од колегите имаат продефилирано во бендови кои свират различен тип на музика и да бидам искрен тоа доста придонесува нашиот репертоар да биде поразнолик и стилот на музиката да го донесеме правилно и вистински. Сите сме биле во различни бендови, блуз, рок, поп, така да како пто реков нашиот репертоар опфаќа различни стилови бидејќи сметаме дека треба да ги задоволиме сите вкусови на публиката и оние коишто се наши фанови. Сметам дека успешно го правиме тоа и понатаму го збогатуваме репертоарот според потребите на публиката.-додава тој.

Момците од група Марифет се трудат да го следат трендот на музиката која се слуша во моментов, а врз база на нивното искуство тоа го прават успешно. Доказ за тоа дека се одлично прифатени од публиката се нивните успешни настапи и преполната агенда за претстојниот период.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*